Свет Европа Норвешката влада предлага поостри мерки за азил

Норвешката влада предлага поостри мерки за азил

Норвешката влада денеска ќе предложи мерки за заострување на прописите за азил, соопштија норвешки претставници.
Министерот за имиграција, Силви Листхауг, рече дека мерките за кои е потребно одобрување од парламентот, вклучуваат рестрикции во врска со тоа кој може да добие бегалски статус во Норвешка.

Норвешка во моментов дава бегалски статус на поширока група луѓе од тие што се сметаат за бегалци според стандардите на ОН. Листхауг рече дека со новите мерки Норвешка ќе стане помалку привлечна за барачите на азил.

Активистите за правата на бегалците сметаат дека овие мерки претставуваат удар за луѓето кои доаѓаат од конфликтни зони и бараат засолниште во Норвешка.

Повеќе од 30.000 лица годинава побарале азил во Норвешка.