Економија НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање

НЛБ Тутунска банка воведе картички за бесконтактно плаќање „дебит мастеркард контактлес“ (Debit MasterCard Contactless).

Бесконтактното плаќање е нова технологија што овозможува извршување на плаќањето само со доближување на картичката до ПОС-терминалот. За клиентите овој начин на плаќање нуди поголема сигурност, како и побрзо и полесно извршување на плаќањето.

НЛБ Тутунска банка оваа година одбележува и прославува голем јубилеј, 30 години од своето постоење.