Економија НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички

НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички

НЛБ банка ги зголеми каматните стапки за кредитните картички од 11,25 проценти на 12 проценти за постојните и новите клиенти.

„Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје ги зголеми каматните стапки за кредитните картички „ виза класик“, „мастер кард стандард“ и „мастер кард лајт“, како и каматната стапка за дозволено пречекорување на трансакциска сметка за физички лица, од 11,25 проценти на 12 проценти, кои важат од 15 август за сите нови и постојни клиенти“, пишува на веб-страницата на НЛБ банка.