Македонија Низ болниците во државата се лекуваат 140 ковид-пациенти, има околу 430 празни...

Низ болниците во државата се лекуваат 140 ковид-пациенти, има околу 430 празни кревети

Фото: prilep.gov.mk

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерство за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 9 болни, а во Куманово 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти, во Прилеп 6, во ковид центарот во Гостивар 3, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 6 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.