Свет Европа Ништо сомнително не е пронајдено во пакетот оставен пред канцеларијата на Меркел

Ништо сомнително не е пронајдено во пакетот оставен пред канцеларијата на Меркел

Германската полиција соопшти дека ништо сомнително не е пронајдено во пакетот поради кој денеска беше запечатена канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во центарот на Берлин.

– Експертите не пронајдоа ништо сомнително – изјави портпаролот на федералната полиција на Германија.

Министрите продолжија со редовниот состанок откако полицијата со кордон ја заокружи зоната, во која се наоѓа канцеларијата.