Македонија Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

Нимиц на Македонија ѝ предложил „Горна Република Македонија“

Документ за името

Последниот официјален предлог за името што посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, минатата година, го понудил до Македонија и на Грција, го објави денеска БИРН.

На документот до кој дојде БИРН, стои датумот 9 април 2013 година, што се совпаѓа со датумот на заедничката средба на посредникот со претставниците на Македонија и на Грција во седиштето на ОН, по која беше соопштено дека Нимиц претставил нов предлог, пишува БИРН.

„Во основата на документот е името „Горна Република Македонија“ (Upper Republic of Macedonia), што се совпаѓа со информациите објавени во тој период во македонските и во грчките медиуми, како и со изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека предлогот на Нимиц е базиран на тоа име“, коментираат оттаму.

Утре во Њујорк треба да се одржи новата рунда од преговорите за името, на која посредникот Нимиц ќе се сретне со Васко Наумовски и со Адамантиос Василакис.