Свет Нигерија: 20 лица загинаа при напад на Боко харам врз воена база

Нигерија: 20 лица загинаа при напад на Боко харам врз воена база

Пет нигериски војници загинаа при напад кој припадници на исламистичката група Боко харам го извршија врз воена база во североисточниот дел на Нигерија, соопшти портпаролот на армијата.

Нападот бил извршен во саботата навечер, во Буни Јади, во нигериската држава Јобе. Во престрелката, како што соопшти нигериската армија, убиени се повеќе од 15 припадници на екстремистичката група.

Во изминатите седум години, откако Боко харам ја почна вооружената борба за создавање исламистичка држава на северот на Нигерија, убиени се околу 15.000 лица, а повеќе од два милиони ги напуштија своите домови.