Свет Нигерија: 100 загинати во експлозија на гас

Нигерија: 100 загинати во експлозија на гас

Најмалку 100 лица загинаа во експлозија во фабрика за преработка на гас на југот во Нигерија, јавуваат локалните медиуми.

Несреќата се случила во градот Неви, а загинатите се претежно клиенти кои полнеле гас.

Експлозијата и пожарот што следел по неа, биле толку силни што во нив настрадале и жители на околните куќи и случајни минувачи.

Неколку тешко повредени лица се префрлени во градската болница.