Свет Европа Невремето во Полска усмрти едно и повреди четири лица

Невремето во Полска усмрти едно и повреди четири лица

Едно лице загина, а четворица се повредени во невремето кое од среда дивее во Полска и преминува во Чешка, соопшти полската државна противпожарна служба.

– Во невремето загина едно лице, а четири се повредени. Во целата земја ветерот однел или оштетил покриви на 500 згради, од кои 289 станбени. Во четвртокот и во петокот наутро пожарникарите излегле на терен 5.000 пати – изјави за полската телевизија „Полсат“, портпаролот на државната противпожарна служба, Павел Фронтчек.

Според соопштението на центарот за безбедност при полската влада, поради невремето во моментов околу 26.000 полски домаќинства се без струја.