Свет Балкан Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во...

Невреме предизвика поплави на северот на Србија, „реки“ по улиците и во Нови Сад

Фото: МЕПСО - Архивска фотографија

Големо невреме со обилни дождови и грмотевици, град и силен ветер го зафати вчера приквечер северот на Србија, при што во Војводина и во Срем погодени беа и поголемите градови Нови Сад, Зрењанин, Рума, Шабац и Валево, јави српскиот весник „Данас“. Силен дожд имало и во Крагуевац, во централна Србија.

Метеоролозите невремето со обилни врнежи го припишуваат на влијанието на циклон во Централен Медитеран.

Во Нови Сад и во другите градови, покрај обилниот дожд, паѓаше и град, а беа поплавени подрумски простории и подвозници.

Пожарникарите и екипи на српското МВР имале интервенции во голем дел од погодените подрачја во Војводина – Банат, Срем и Западна Србија. Претежно се работело на исцрпување вода од подруми и подвозници, но исто така извлекувани биле шестмина од поплавени возила.