Свет Европа Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година

Невработеноста во Велика Британија под 5 проценти првпат од 2005 година

Стапката на невработеност во Велика Британија заклучно со мај oпадна на 4,9 проценти, што е најниско ниво од 2005 година, соопшти денеска британската канцеларија за статистика.

Како што наведува њујоршката агенција „Блумберг“, британскиот пазар на труд продолжил да покажува сигнали на закрепнување по одлуката Велика Британија да излезе од Европската Унија.

Кога станува збор за платите, порастот на основните примања неочекувано забавил на 2,2 отсто од 2,3 отсто, додека вкупната заработувачка се зголеми од 2 отсто на 2,3 отсто.