Свет Нетанјаху со обраќање во двата дома на американскиот Конгрес

Нетанјаху со обраќање во двата дома на американскиот Конгрес

Обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес денеска ќе има израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Тој ќе се осврне врз можниот договор за иранската нуклеарна програма.

Во говорот пред израелските поддржувачи во Вашингтон, тој предупреди дека договорот би можел да претставува закана за израелскиот опстанок. Во исто време, Нетанјаху оцени дека односите меѓу неговата земја и Соединетите Американски Држави биле посилни од кога и да е претходно. Републиканските законодавци го поканија Нетанјаху да зборува во Конгресот без да го консултираат американскиот претседател, Барак Обама.