Свет Нетанјаху го отфрли палестинскиот ултиматум

Нетанјаху го отфрли палестинскиот ултиматум

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги отфрли сите палестински обиди да му постават ултиматум на Израел за ставање крај на окупацијата со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации.

– Нема да ги прифатиме обидите да ни диктираат унилатерални потези. Во реалноста во која исламскиот тероризам пристига од сите страни на светот, го отфрламе секој обид што ќе доведе тероризам во нашиот дом – соопшти Нетанијаху пред да замине за Рим, каде треба да се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери.

Палестинците во неделата најавија дека в среда пред Советот за безбедност на ОН ќе претстават резолуција што ќе даде рок од две години за Израел да се повлече од окупираните палестински територии.

Кери и Нетанјаху денеска ќе разговараат за палестинската резолуција, а се очекува САД да постават вето.