Свет Свет Нетанјаху: Со Обама ќе разговараме за унапредување на безбедноста на Израел

Нетанјаху: Со Обама ќе разговараме за унапредување на безбедноста на Израел

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, најави дека со претседателот на САД, Барак Обама, на состанокот во Вашингтон в понеделник, прв по повеќе од една година, ќе разговара за начинот на кој може да се подобри безбедноста на Израел.

Една од централните теми на разговорите ќе биде обновата на десетгодишниот меморандум за разбирање, кој истекува во 2017 година, на чија основа Израел добива 3,1 милијарда долари помош од САД годишно.

Израел очекува договорот да се обнови, но сака да се зголеми на 50 милијарди долари во период од десет години, наведуваат израелските медиуми.

– Тој состанок е важен за да се појасни продолжувањето на американската помош на Израел во претстојната деценија. Тоа ќе биде уште еден чекор кон реализација и разбирање во тој правец – рече Нетанјаху на денешната седница на владата.

Тој додаде дека неговиот разговор со Обама ќе биде насочен на неодамнешните случувања на Блискиот Исток и можниот напредок со Палестина или барем стабилизација во односите со нив, како и зајакнување на безбедноста на Израел.