Македонија Нестабилно време со услови за пороен дожд и грмежи

Нестабилно време со услови за пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога ќе има услови за локално невреме со град.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 18 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, температурата ќе се движи од 13 до 26 Целзиусови степени.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има утре.