Хроника Непознат маж пронајден мртов во опожарена барака

Непознат маж пронајден мртов во опожарена барака

Непознат маж бил пронајден мртов во барака во Кочани, која синоќа била зафатена од пожар, информираат од МВР. Според полициските информации, пожарот избувнал околу 23.40 часот, во лимена барака на улицата Охрдиска во Кочани, во која привремено престојувал 62-годишниот В.С., жител на градот.

При гаснењето на пожарот од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани, во бараката било пронајдено починато непознато машко лице.

Како што информираат од МВР, увид на местото ќе се врши денеска.