Ctrl - Z ВИДЕО Непостоењето прифатилиште за жените-жртви на насилство во Полог го третираме во новата...

Непостоењето прифатилиште за жените-жртви на насилство во Полог го третираме во новата епизода на „Шорткат“

Полошкиот плански регион е единствениот во земјава каде што жените-жртви на насилство немаат прифатилиште за нивно засолнување. Акутниот проблем со којшто се соочуваат жртвите од Полог е главната тема која што ја обработуваме во најновата епизода на емисијата „Шорткат“.

Во емисијата за млади информираме и за еколошката иницијатива на „Еко-свест“ за правна заштита на реката Радика, како и за дебатата што се одржа во Собранието на РСМ на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“.

Во „Шорткат“ даваме предлози и за две нови игри што би можеле да ги пробаат љубителите на гејмингот – Black Myth: Wukong и The First Descendant. Во најновата епизода информираме и за тоа кој филм ќе биде годинашен македонски кандидат за Оскар.

Гледајте ја новата епизода на „Шорткат“, која ќе се емитува вечерва во 19 часот на нашите канали на социјалните мрежи.