Свет Непал: Регистрирани 102 нови потреси

Непал: Регистрирани 102 нови потреси

Силни потреси, по смирувањето на тлото, со јачина од шест степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта го потресоа непалскиот главен град Катманду, соопшти денеска руската амбасада во Непал.

Дипломатите за агенцијата ТАС изјавиле дека сеизмолозите регистрирале неколку десетини потреси со јачина поголема од четири степени според Рихтеровата скала.

Непалските власти наведуваат дека биле почувствувани вкупно 102 потреси.

Според последните податоци на непалските власти, во земјотресот со јачина од 7,9 степени според Рихтеровата скала, кој во саботата го погоди Непал, загинаа повеќе од 5.500 лица, а најмалку 11.000 е повредени.