Македонија Нема повредени Македонци во земјотресите во Италија

Нема повредени Македонци во земјотресите во Италија

Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси што вчера беа регистрирани во Централна Италија, од кои најсилниот беше со магнитуда од 6,1 степени по Рихтеровата скала.

„Врз основа на информациите со кои досега располагаме, можеме да кажеме дека македонски граѓани повредени во земјотресите во Италија нема. Ги повикуваме сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската амбасада во Рим или во Министерството за надворешни работи“, пишува во соопштението на министерството.

Од МНР како лица за контакт ги посочија Силвана Ивановска, која е достапна на телефонскиот број 38972 239 052 и на  е-пошта silvana.ivanovska@mfa.gov.mk, Емилија Николовска од Амбасада на Република Македонија во Рим, достапна на телефонскиот број 00393889050310, и Семра Рамадани Алими, достапна на телефон 00393485273136 и на е-пошта rome@mfa.gov.мk.