Свет Европа Нема повеќе „вагнеровци“ што се борат во Украина

Нема повеќе „вагнеровци“ што се борат во Украина

Путин во интервју за рускиот весник „Комерсант“ објасни дека понудил опција платениците на Вагнер да служат во Русија, по минатомесечниот бунт на компанијата и нејзините борци.

Во Украина нема повеќе платеници од Вагнер Груп што се борат, а Вагнер Груп практично повеќе не постои, порачаа Министерството за одбрана на САД и рускиот претседател Владимир Путин.

Според бригадниот генерал на Военото воздухопловство на САД и портпарол на Пентагон, Патрик Рајдер, во борбените дејствија во Украина моментално не се вклучени припадници на Вагнер Груп.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, тврди дека Вагнер Груп практично повеќе не постои, откако првиот човек на оваа компанија, Јевгени Пригожин, ја одбил понудата неговите борби да служат во Русија, јавија светските агенции.

Путин во интервју за рускиот весник „Комерсант“ објасни дека понудил опција платениците на Вагнер да служат во Русија, по минатомесечниот бунт на компанијата и нејзините борци. Ова, заедно со неколку други опции, биле изнесени на маса од рускиот претседател на состанокот со првиот човек Јевгени Пригожин и 35 претставници на платениците, пет дена по „бунтот“ на Вагнер.

Путин понудил „вагнеровци“ да продолжат да служат под команда на Пригожин, што, во однос на неговата функција на врховен командант на вооружените сили на Русија, би значело дека би влегле во состав на руската одбрана. Сепак, Путин не го потврдил тоа јасно.