Македонија Нема повеќе македонска и српска музика на радијата

Нема повеќе македонска и српска музика на радијата

На радиостаниците од денеска нема ниту македонска, ниту српска музика.

Забраната за емитување српска музика почна од ноќеска на полноќ, а веќе десет дена е забрането емитување македонска музика.

Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што велат од Здружението на приватни медиуми на Македонија (ЗПММ), ќе бидат музичките емисии од Србија, за кои македонските телевизии ги имаат откупено правата, а такви се „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинкови ѕвезди“.

Поради забраната за емитување македонска музика, викендов нема да се одржи „Фолк-фест Валандово“, најстариот фестивал на македонски новокомпонирани песни.