Македонија Нема починати од ковид-19, нови 29 случаи и оздравени 34 лица

Нема починати од ковид-19, нови 29 случаи и оздравени 34 лица

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерство за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на ковид-19 од: Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово – по 4, Прилеп и Охрид – по 2, Штип и Струмица – по 1.

Нема починати лица.

Регистрирани се 34 оздравени пациенти од: Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово – по 3, Битола – 2, Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.