Македонија Нема напредок во преговорите за името

Нема напредок во преговорите за името

Амбасадорот Метју Нимиц изјави дека не е постигнат напредок кон решение на спорот за името во разговорите што се водеа со преговарачите Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

На средбата, која се одржа во зградата на Обединетите нации во Њујорк, посредникот Нимиц не дал нов предлог за решавање на спорот, туку се разговарало за некои од идеите кои биле дадени во минатото.

– Разговаравме за состојбата на преговорите, за суштинските прашања, за спорот за името, за разните пристапи кон неговото решавање. Двете страни ја повторија својата искрена желба да се реши ова прашање, да развиваат добри односи и мир и стабилност во регионот. Знаеме дека ова е многу тешко прашање. Денеска немаше постигнат напредок, но решени сме да ги продолжиме разговорите следните месеци. Разговаравме за некои идеи од минатото, до која мера би можеле да успеат, а до која треба дополнително да се дотераат – изјави амбасадорот Нимиц.