Главна секција Нема договор за изборниот пакет во предвидениот рок

Нема договор за изборниот пакет во предвидениот рок

Нема договор од синоќешната средба на работните групи за изборните закони, дознава „Мета“ од извори од преговарачките тимови.

И покрај напорите на белгискиот олеснувач Питер ван Хојте, амбасадорот на САД, Џес Бејли, и шефот на Мисијата на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, ниту една страна од преговарачките тимови не сакала да попушти за законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали.