Свет Свет Нема договор за иранската нуклеарна програма

Нема договор за иранската нуклеарна програма

Нема договор во преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена. Пробиен е и вториот рок за постигнување договор, а разговорите, најверојатно, ќе продолжат в петок.

Сите учесници во преговорите на групата пет плус еден (САД, Велика Британија, Кина, Франција и Германија) изјавија дека сè уште има длабоки разлики и засега нема знаци за решавање на спорното прашање.

Целта на преговорите е да се гарантира дека иранската нуклеарна програма е мирнодопска, а за возврат на Иран би му биле укинати меѓународните санкции.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, изјави дека во текот на разговорите во австриската престолнина постоела напнатост, но преговорите ќе бидат продолжени.

– Знаевме дека ќе биде тешко и со многу предизвик – изјави Могерини.