Свет Нема да му дозволиме на Трамп да го поништи договорот со Иран,...

Нема да му дозволиме на Трамп да го поништи договорот со Иран, порача Рохани

Иран нема да дозволи новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, да го поништи договорот за нуклеарната програма, кој земјата го потпиша со светските сили, соопшти иранскиот претседател Хасан Рохани.

– Сака да направи многу работи, но ниту една од неговите акции нема да ни наштетат… Дали мислите дека САД можат да го поништат договорот? Дали мислите дека нашиот народ ќе го дозволи тоа? – праша Рохани во говорот во Универзитетот на Техеран.