Свет Неколкумина повредени во пукотница во Хјустон

Неколкумина повредени во пукотница во Хјустон

Најмалку седум лица се повредени во пукотница во Хјустон, а напаѓачот, кој е опишан како Афроамериканец со револвер, според непотврдени информации е совладан, јавува „Раша тудеј“.

Како што наведува „Еј-би-си 13“, хјустонската полиција испратила одред за демонтирање бомби откако сомнително возило е пронајдено во близина на местото на пукање. Полицијата ги предупреди граѓаните да ги избегнуваат подрачјата во кои е запрен сообраќајот.

Известувачот на американската телевизија од воздух видел тела како лежат на земја, а се наведува дека веќе некое време не се слуша пукање, па затоа се претпоставува дека напаѓачот е совладан.

Возила на итната помош се на местото на инцидентот и им пружаат помош на повредените.

Според првичните извештаи, напаѓачот пукал од возило во движење.