Македонија Неколку лица приведени по протестите во центарот на градот

Неколку лица приведени по протестите во центарот на градот

Неколку лица се приведени во полициската акција вечерва, при растерувањето на демонстрантите кои го демолираа објектот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов.

Според неофицијални информации, има и неколку повредени, а во центарот на градот забележани се и возила на брза помош.

Моментално состојбата е мирна, а демонстрантите немаат пристап до објектите на народната канцеларија, Министерството за правда и до штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, кордон од специјалните сили на полицијата ги растера демонстрантите што протестираа во центарот на градот.