Свет Неизвесно одржувањето на сириските мировни преговори

Неизвесно одржувањето на сириските мировни преговори

Мировните преговори за Сирија, кои денеска треба да почнат во Женева, се загрозени од конфузни информации за тоа дали сириските опозициските групи ќе учествуваат или не.

Претходно некои опозициски лидери соопштија дека нема да учествуваат во преговорите доколку не бидат преземени конкретни мерки за запирање на бомбардирањето цивили. Потоа еден висок претставник објави дека, сепак, ќе учествуваат во преговорите под покровителство на ОН.

Делегација на сириската влада, како што јави „Би-Би-Си“, исто така треба подоцна да стигне во Женева.

Во видеопораката до сирискиот народ, претставникот на ОН, Стефан де Мистура, рече дека „разговорите не може да пропаднат“.

Во петгодишната војна во Сирија загинаа повеќе од 250.000 лица, а 11 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови.