Хроника Негувателката што малтретираше старица осудена на десет месеци затвор

Негувателката што малтретираше старица осудена на десет месеци затвор

Шеесет и четиригодишната негувателка, која беше обвинета за малтретирање старица во населбата Кисела Вода е осудена на десет месеци затворска казна. Обвинетата пред судот го признала делото.

Судот на обвинетата ѝ одреди продолжување на мерката притвор до правосилноста на одлуката.

Насилството било откриено на 21 декември минатата година, кога синот на жртвата ги видел снимките од поставениот видеонадзор во станот каде што живеела неговата мајка, која ѝ била доверена на чување на обвинетата.

На снимките забележал како обвинетата ја удира со раце старицата, ја тегне за коса и ја турка на креветот.