Видео Навивачите на Унион Берлин повторно направија спектакл на стадион

Навивачите на Унион Берлин повторно направија спектакл на стадион

Навивачите на Унион Берлин традиционално се собираат на својот стадион пред Божик, каде со дружење и со песна го дочекуваат најголемиот католички празник, пренесе „Спортклуб.мк“.

Секоја година сè повеќе луѓе доаѓаат на овој настан за да имаат добра забава, а вкупно 27.500 луѓе присустуваа оваа година на стадионот „Куќата на стариот шумар“, каде што и беше организирано дружењето.