Спорт Навивачите на Ливерпул бараат од тренерот Роџерс да си оди

Навивачите на Ливерпул бараат од тренерот Роџерс да си оди

Лошите резултати на Роџерс ги налутија навивачите на Ливерпул

Навивачите на Ливерпул имаат намера јавно да го искажат незадоволството од резултатите на „црвените“ и од тренерот на тимот, Брендан Роџерс, па планираат за натпреварот против Челзи, овој викенд, да изнајмат авион на кој ќе биде закачен транспарент со натпис „Роџерс оди си“.

На Роџерс му се префрла тоа што потрошил 215 милиони фунти за засилувања во претходните четири преодни рока, а нема никакви резултати.

Евентуланиот пораз вечерва, на тешкото гостување против Реал Мадрид, дополнително ќе го зголеми притисокот врз тренерот на Ливерпул.