Економија Наумов: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг

Наумов: Секое бебе се раѓа со 2.000 евра долг

Во малите и во средните претпријатија ќе инвестираме до 50 милиони евра државна помош, за разлика од власта во заминување која одвојува едвај 200.000 евра, истакна претседателот на комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик-министер за финансии, Кире Наумов, кој заедно со претседателката на комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска, и со организацискиот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, вчера го посети Куманово.

– Работата на домашните претпријатија ќе отвори реални работни места со пристојни плати, а тоа ќе овозможи екононски стабилни семејства што ќе придонесат кон економски стабилна држава. Така ќе ве задржиме вас младите дома – им рече Наумов на младите кумановци.

Тој истакнал дека власта ја задолжува Македонија со нови 3 милиони евра.

– Тоа значи дека секое новороденче се раѓа со долг од 2.000 евра. Овој вртлог од задолжувања мора да го спречиме. Ставрески почна панично да прекршува правилници за да ја задолжува државата на домашниот пазар само за да му удоволи на Груевски во неговите планови за предизборна корупција. Работиме да спречиме изборна корупција, а на оваа расипничка власт крајот ѝ се ближи – изјавил Кире Наумов пред жителите на населбата Панче Пешев.