Економија Наумов: Министерот за финансии и гувернерот ги подгреваат шпекулациите

Наумов: Министерот за финансии и гувернерот ги подгреваат шпекулациите

„Уште неуплатени средствата од вчерашната аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии денеска објави проспекти за нова аукција по која не доспеваат долгови за враќање. Министерството за финансии побарува нови 9,4 милиони евра, од кои 8,1 милиони евра се побаруваат преку тримесечни државни записи со евро-клаузула и со зголемена каматна стапка“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии во оставка, Кире Наумов.

Според Наумов, со ова „дополнително се долева масло на огнот околу нарушувањата на девизниот пазар кои се од шпекулативна природа.“

– Доколку постои искрен пристап за надминување на моменталната ситуација, а не желба за разгорување и за одолжување на недовербата меѓу граѓаните за прибирање политички поени преку редовно наоѓање виновници секаде, само не во своите редови, ниту гувернерот Богов ќе ја подигнеше каматата на благајничките записи, ниту министерот Ставрески ќе распишеше аукција со девизна клаузула – се додава во соопштението.