Свет Научниците на чекор до универзален тест на крвта за откривање рак

Научниците на чекор до универзален тест на крвта за откривање рак

Научниците се на чекор до исполнување на една од најголемите цели во медицината – универзален тест на крвта за откривање рак, објави денеска „Би-би-си“. Тим научници на Медицинскиот факултет „Џонс Хопкинс“ испитуваат метод кој открива осум најчести форми на тешката болест.

Нивната визија е да се прави годишен тест за рано откривање на болеста, кој би можел да спаси многу животи. Британските научници велат дека станува збор „многу возбудливо“ откритие. Тестот бил испробан на повеќе од илјада пациенти.

Кристијан Томасети од Медицинскиот факултет „Џонс Хопкинс“ за „Би-би-си“ изјавил дека резултатите се многу возбудливи“ и дека „тестот може да има огромно влијание на смртноста од рак“.

Инаку, раното откривање на ракот ги зголемува шансите за лекување на тешката болест.

Сега, како што пренесува британскиот национален сервис, во тек се тестирања на лица кај кои сè уште не е дијагностицирана болеста, што ќе биде вистински тест за новиот метод.