Свет Европа НАТО почнува проект за развој на брза и точна дијагноза на Ковид-19

НАТО почнува проект за развој на брза и точна дијагноза на Ковид-19

НАТО со стручњаци од две европски универзитетски клиники почнува практичен научен проект за развој на нови алатки за брза и точна дијагноза на инфекција со САРС-КоВ-2. Двегодишниот проект треба да ја подобри брзината и ефикасноста на дијагностицирање на Ковид-19 преку мултидисциплинарен пристап на стручњаци од имунологијата, вирологијата и молекуларната биологија. На проектот работат научници од италијанскиот Институт за јавно здравје и универзитетската болница на универзитетот „Тор Вергата“ во Рим и универзитетската болница на базелскиот универзитет во Швајцарија.

„Од проектот се очекуваат резултати кои ќе бидат особено значајни за справување со пандемијата, но се очекува да имаат и силно долгорочно влијание на начинот на меѓународно справување со ширење на вируси во голем обем. Значаен ќе биде придонесот во унапредување на управувањето со ризици и мерките за заштита на јавното здравје. Проектот ќе претставува и модел за брзи мерки за сузбивање епидемии“, најави д-р Антонио Мисироли, помошник на генералниот секретар на Алијансата за нови безбедносни предизвици,

Проектот се спроведува преку Програмата на НАТО за наука за мир и безбедност, во чии рамки се развиваат и нови технологии и способности за борба со пандемијата, главно во сферите на телемедицина, координација на одговор на итни случаи и откривање на биолошки закани.

Канцеларијата на главниот научник на НАТО и Организацијата за наука и технологија, пак, повикаа повеќе од 6.000 научници да дадат свој придонес во борбата со пандемијата. Од научниците се очекуваат предлози за научни и технолошки решенија за откривање на вирусот, деконтаминација, зголемување на отпорноста, намалување на животниот век на вирусот на површини, медицинска нега…