Свет Балкан Наставникот што претепа ученици во Голо Брдо избркан од работа и приведен...

Наставникот што претепа ученици во Голо Брдо избркан од работа и приведен од полицијата

Дисциплинската комисија и раководството на основното училиште во селото Оржаново од областа Голо Брдо во Албанија, го остранила од работа учителот што претепа ученици, додека полицијата од градот Булќиза, го привела.

Како што пишуваше весникот на македонски јазик „Илинден“, наставник Агим, според сведочењето на децата, им ги трескал главите на клупите и ги тепал со стап. Децата завршиле во болница. Четири од нив биле потешко повредени.

По добивањето третман во болницата во Булќиза, три од нив биле испратени дома, додека едното било испратено и задржано во болница во Пешкопеја.