Македонија Народниот правобранител апелира за целосна интеграција на лицата со посебни потреби

Народниот правобранител апелира за целосна интеграција на лицата со посебни потреби

По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, Народниот правобранител апелира сите чинители во општеството, уште позабрзано и попосветено да работат на целосна интеграција на лицата со посебни потреби, со што би се оствариле нивните права.

„Интеграцијата, а не исклученоста е движечката сила на едно општество. Само на тој начин ќе покажеме дека работиме за вистинските човечки вредности. Но, на ова да не бидеме посветени само еден ден, денеска, на 3 декември, туку и другите 364 денови во годината“, се вели во соопштението на Народниот правобранител по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби годинава се одбележува под мотото „Општество за сите“.