Свет Напаѓачот од Сан Бернардино контактирал со милитанти

Напаѓачот од Сан Бернардино контактирал со милитанти

Осомничениот за убиството на 14 лица во Сан Бернардино во Калифорнија, Сајед Ризван Фарук, бил во контакт со милитантите преку социјалните мрежи, соопштија американски безбедносни служби.

Сепак, засега нема докази дека тероризмот бил мотив за нападот во кој се ранети 21 лице, изјави истиот извор.

Фарук и неговата сопруга Ташфин Малик (27), кои по убиствата во центарот за јавно здравје во Сан Бернардино се убиени во судир со полицајците, имале доволно оружје и бомби да убијат стотина лица.