Свет Балкан Напаѓач стрелал кон канцеларија на турскиот претседател

Напаѓач стрелал кон канцеларија на турскиот претседател

Маж, чиј идентитет не се соопштува, денеска стрелал кон зграда во Истанбул, во која се наоѓа канцеларија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, а потоа фрлил и бомба која не експлодирала, објавија турските медиуми.

Напаѓачот бил уапсен на самото место, пред палатат Долмабахче, а засега не се знае дали турскиот претседател бил во својата канцеларија за време на нападот.

Турските медиумите известуваат дека напаѓачот бил вооружен со автоматско оружје и со пиштол и дека првин отворил оган, а потоа ја фрлил рачната бомба која не експлодирала.

Полицијата со контролирана експлозија ја уништила гранатата.

Засега не се познати мотивите за нападот на канцеларијата на Ердоган.