Свет Свет Нападот во Банкок не е дело на меѓународна терористичка група

Нападот во Банкок не е дело на меѓународна терористичка група

Бомбашкиот напад што се случи во понеделникот во главниот град на Тајланд, Банкок не е дело на некоја меѓународна терористичка група, соопштиле властите во земјата, јавува „Би-Би-Си“.

Портпаролот на владејачката воена хунта во земјата, полковникот Винтаи Суваре изјавил дека тоа бил прелиминарниот заклучок на истражните тимови за експлозијата во светилиштето Ераван во центарот на Банкок, во која загинаа 20 луѓе.

Од полицијата соопштиле дека најмaлку 10 луѓе се сомничат за вмешаност во нападот.

Шефот на националната полицијата, Сомјот Пумпанмуанг, рекол оти верува дека нападот бил планиран најмaлку еден месец однапред.