Хроника Нападнати и ограбени две жени во Куманово и во Прилеп

Нападнати и ограбени две жени во Куманово и во Прилеп

Две жени во текот на вчерашниот ден се физички нападнати и ограбени во нивните домови во Куманово и во Прилеп. Напаѓачите од жените одзеле златен накит и пари.

Како што соопшти СВР Куманово, кумановката е ограбена е вчера, околу 3 часот, во нејзиниот дом на улицата Веселин Маслеша.

Непознат сторител влегол преку прозорецот од бањата во куќа сопственост на 50-годишната Е.М. додека таа спиела и извршил пребарување, а потоа физички ја нападнал при што насилно од ушите и ги одзел обетките што ги носела. Од орманот на ограбената одзел два златни прстени и еден пар обетки, по што го напуштил местото на настанот.
Вториот напад и грабеж го пријавила 72-годишната Л.М. од Кривогаштани. Околу 19.50 часот две непознати маскирани лица, се качиле по скалите на катот од куќата, затропале на влезната врата, по што, откако им отворила, ја турнале и влегле во салонот.

Напаѓачите ѝ ги врзале рацете и нозете со леплива лента и со закана со пиштол одзеле паричник во кој имало: 800 австралиски долари, 200 евра, 3.000 денари и трансакциски картички.

Полицијата извршила увид на двете места и презема мерки за целосно расчистување на случаите.