Свет Нападната воена база во Јемен, убиени шест војници и 20 напаѓачи

Нападната воена база во Јемен, убиени шест војници и 20 напаѓачи

Шест војници загинаа при напад на јеменската воена база Солабан, соопшти армијата, додавајќи дека при одбраната на базата, ликвидирани се околу 20 напаѓачи.

Како што јавуваат локалните медиуми, базата прво била нападната со два автомобили бомби, по што напаѓачите упаднале во воениот објект и зазеле позиции во неколку згради во базата. По четиричасовна престрелка, напаѓачите биле убиени.

Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот, иако властите наведуваат дека постојат индиции дека зад него стои Исламска држава.