Дописници Нападната шумската полиција во Прилеп

Нападната шумската полиција во Прилеп

Синоќа, околу 18 часот, во ромската населба Тризла во Прилеп, нападнати биле припадници на шумската полиција. Настанот се случил во близина на џамијата во изградба.

Еден од припадниците на шумската полиција е со потешки повреди, фрактура на черепот, а другите тројца се со полесни повреди по телото. Дрвокрадците успеале да го демолираат и возилото на шумската полиција.