Свет Балкан Нападната џамија во Пакистан, 11 лица загинаа, а 50 се повредени

Нападната џамија во Пакистан, 11 лица загинаа, а 50 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во експлозија кај шиитска џамија во градот Парачинар на северозападот на Пакистан.

Локалните медиуми јавуваат дека 50 лица се повредени и дека одговорноста за нападот ја презеле талибанците.

– Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи сè уште примаме повредени – рече хирург во државната болница „Моен Бегам“.

На местото на експлозијата е испратен воен спасувачки хеликоптер за да помогне при евакуација на повредените.