Хроника Нападнат полицаец во обид да спречи тепачка

Нападнат полицаец во обид да спречи тепачка

Полициски службеник ноќеска бил нападнат додека со свој колега се обидувал да спречи тепачка меѓу две групи во Штип, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 1.30 часот на улицата Кирил и Методиј, каде двајцата полицајци забележале како поголема група сака физички да се пресмета. Во обид да ја спречат тепачката, едниот од полицајците бил физички нападнат од М.Д. (56), неговиот син Д.Д. (18) и А.М. (38), кои по инцидентот побегнале од местото.

По кратко време, полициски екипи ги пронашле таткото и синот, кои биле приведени и со нив бил извршен разговор, додека по А.М. сè уште се трага.

По расчистувањето на случајот од полицијата најавуваат пријави против осомничените.