Свет Европа Шестмина повредени во напад за време на муслимански собир во Њукасл

Шестмина повредени во напад за време на муслимански собир во Њукасл

Жена со автомобил влетала меѓу верници кои се собрале пред спортскиот центар во британскиот град Њукасл, за да го прослават Рамазан-бајрам. Повредени се шест лица, меѓу кои и две деца.

Полицијата ја уапсила жената што управувала со возилото, но нејзиниот идентитет засега не е познат.

„Ројтерс“ пренесува дека автомобилот се движел по тротоарот на кој стоеле верниците кои утринава се собрале пред спортскиот центар „Вестгејт“ во Њукасл, за да го прослават Рамазан-бајрам.

„Би-би-си“ јавува дека станува збор за 42-годишна жена која е однесена на испитување.

Полицијата се обидува да утврди што точно се случило, а како што пренесува „Ројтерс“, не веруваат дека инцидентот е поврзан со тероризам.

На обележувањето на крајот на светиот муслимански месец Рамазан, во овој англиски град се собрале повеќе стотини лица.