Хроника Напад со нож во кафуле во кичевско

Напад со нож во кафуле во кичевско

Четириесет и двегодишниот С.И. ноќеска, 20 минути по полноќ, во угостителски објект „Спорт кафе“ во кичевското село Гарани, физички го нападнал Џ.Е. (32) и со употреба на нож му нанел телесна повреда во пределот на раката и на грбот.

Џ.Е. е пренесен во Медицинскиот центар во Кичево за укажување лекарска помош, додека С.И. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.