Економија Наместо со 500 милиони евра, државата ќе се задолжи со 270 милиони...

Наместо со 500 милиони евра, државата ќе се задолжи со 270 милиони евра

Наместо првично планираните половина милијарда евра задолжување преку еврообврзница, државата ќе се задолжи за 270 милиони евра.

Промената на одлуката, Министерството за финансии ја објави во „Службен весник“.

Првично планираните средства беа за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и за следната година и за рефинансирање на старите долгови.