Македонија Намалени цените на 589 лекови

Намалени цените на 589 лекови

Намалена цената на лекови кои се купуваат во апетка, како и лековите за болничка употреба

Намалени се цените на вкупно 589 генерички лекови и оригинатори (иновативни лекови), од кои 434 ќе бидат малопродажни цени. Ова шесто по ред намалување на 228 малопродажни цени на генерички лекови и на 206 иновативни лекови и оригинатори, почна да важи од 1 ноември 2014 година.

Според министерот за здравство, Никола Тодоров, вкупната заштеда кај генеричките лекови на годишно ниво изнесува 52.629.012 денари, додека кај иновативните лекови изнесува 110.011.681 денари.

– Со намалувањето се опфатени како лековите за болничка употреба, така и лековите кои граѓаните ги купуваат во аптека. Просечното намалување на малопродажните цени на генеричките лекови изнесува 12 отсто, додека кај оригинаторите 11.4 отсто – истакна министерот за здравство, Никола Тодоров.

Намалени цени има кај „диклофенак“ и „кетопрофен“ од нестероидните антиинфламаторни, од антибиотиците кај „амоксицилин“, „ампицилин“, „азитромицин“ и „цефалексин“, а од антихипертензивите кај „лосартан“ и кај „амлодипин“.